По повод празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано во сите џамии, каде присутвуваа голем број на верници, на која муфтијата Амит Расими имаше обраќање до верниците во Битола.
Во Битола главниот настан се одржа во Исак Челеби џамијата, каде што утринската молитва ја предводеше имамот на џамијата Орхан Демири, а рамазанската молитва ја предводеше битолскиот муфтија, Амит Расими.
Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Преку фотографиите на Агим Џело ви пренесуваме како беше на утринската молитва во Битола, исто како и во целиот свет каде денес муслиманите го слават Рамазан Бајрам.

Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта





