По повод празникот Рамазан Бајрам во Битола утринска и бајрамска молитва се одржа денес рано во сите џамии, каде присутвуваа голем број на верници, на која муфтијата Амит Расими имаше обраќање до верниците во Битола.
Во Битола главниот настан се одржа во Исак Челеби џамијата, каде што утринската молитва ја предводеше имамот на џамијата Орхан Демири, а рамазанската молитва ја предводеше битолскиот муфтија, Амит Расими.
Од денес, по триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански Бајрам, кој се смета за голем празник во исламот.
Рамазан е еден од петте столба на исламот, покрај верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Месецот на Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милост, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела.
Преку фотографиите на Агим Џело ви пренесуваме како беше на утринската молитва во Битола, исто како и во целиот свет каде денес муслиманите го слават Рамазан Бајрам.

Верниците од муслиманска вероисповед од Битола со утринска-бајрамска молитва за Рамазан Бајрам (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Андријана Арлен во Битола: Класичната музика не е само минато, таа е и иднината на младите генерации (фото)
- Европа поблиску преку јазиците, културата и виртуелното учење – со УКЛО КОЛОРС
- Денес православните верници ја прославуваат света Петка или Црна света Петка
- Во Битола променливо облачно, температурата до 13 степени
- Бензините поевтинуваат за 5 денари, дизелот останува 99 денари за литар





