Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во пресрет на големиот муслимански празник, Рамазан Бајрам, организираше ифтарска вечера.
На вечерата, традиционално и оваа година присуствуваа, битолскиот муфтија Амит Расими, пратениците во Собранието на Република Македонија, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска и Пеце Милевски, координаторите на советничките групи на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во Советот на општина Битола, Бојан Бојкоски и Петар Николовски, директорите на јавните претпријатија, како и голем број граѓани, соработници на општина Битола, претставници на невладиниот и бизнис секторот.
Градоначалникот Коњановски, ги поздрави присутните, нагласувајќи дека ова се моменти кои ја изразуваат меѓусебната почит и соработка:
-Почитувани сограѓани, драги гости, Чест и задоволство ми е што вечерва сме собрани заедно на овој свечен ифтар, кој нè потсетува на вредностите на заедништвото, солидарноста и меѓусебната почит. Месецот Рамазан е време на духовно прочистување, добрина и човечност. Тој нè учи на трпение, благодарност и грижа за оние кои имаат потреба од нашата поддршка. Вечерва сме тука, не само да ја споделиме трпезата, туку и да ја зајакнеме врската меѓу нас, без разлика на нашите разлики, затоа што токму единството ја гради силната заедница. Како градоначалник, останувам посветен на тоа да создадеме општество во кое секој граѓанин се чувствува почитуван, поддржан и вреднуван. Вечери како оваа се потсетник дека преку заеднички напори можеме да изградиме подобро општество за сите нас. Ви посакувам пријатен ифтар, благословен Рамазан и многу здравје, среќа и благодет во вашите домови“, им посака градоначалникот Коњановски на присутните гости.
Првиот ден на Рамазан Бајрам се одбележува денес, недела на 30 март.

Ифтарска вечера организира од градоначалникот на Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- По трет пат во Битола ќе се одржи “Street food Festival“
- Советот за превенција од детско престапништво од Битола подготви прирачник за обука на стручните служби за малолетничка деликвенција
- КРЕДО Connect: презентација на успешен студентски проект на УКЛО Битола
- Во Битола сончево и топло, попладне можна нестабилност, температурата до 29 степени
- 25 јубилејно издание на “Битола Отворен Град“ – градот Битола повторно се отвора (фото)





