Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО) и оваа година успешно ги презентираше своите студиски програми на Саемот за образование 2025, кој се одржа во City Mall, Скопје.
Саемот беше одлична можност потенцијалните студенти да се информираат за најновите образовни понуди, стипендии, можности за кариера и студентски живот, како и да научат повеќе за услугите на Центрот за кариера, алумни и доживотно учење, со цел да се информираат за различните образовни и професионални можности кои ќе ја одредат нивната иднина.
Оваа година, УКЛО беше претставен низ боите на алијансата КОЛОРС, како единствен универзитет од Македонија и еден од деветте европски универзитети што ќе нудат заедничко студирање и двојна диплома.
Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, при посетата на штандот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, не го криеше своето задоволство од постигнатите резултати на УКЛО, и амбициозните идеи што се во фаза на реализација.
Презентацијата на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола на Саемот за образование 2025 беше успешна, а Центарот за кариера, алумни и доживотно учење уште еднаш ја докажа важноста на својата улога во поддршката на студентите и нивниот професионален развој.






