Press "Enter" to skip to content

Пораз на Пелистер од ТФТ во последното коло од регуларниот дел од сезоната

ТФТ – Пелистер 79:67

Кошаркарите на Пелистер од Битола не успеаја триумфално да го завршат регуларниот дел од сезоната, откако во рамките од последното коло загубија на гостувањето против ФТФ со 79-67. „Зелено-белите“ одиграа под своите можности, му дозволија на противникот да ги диктира темпото и резултатот, но нема сомнеж дека тренерот Трајковиќ и неговите избраници ќе извлечат поуки од овој дуел пред претстојните предизвици во плејофот.
Антоан ги постигна првите поени на натпреварот, по што се играше израмнето на двете страни. Гамбрел донесе минимално водство од 10-12 во седмата минута, по што на сцена стапи Бобан Стајиќ, постигнувајќи 10 поени до крајот на четвртината, за Пелистер да го заврши овој дел од мечот со предност од 18-22.
„Зелено-белите“ во неколку наврати имаа пет поени предност во втората четвртина, но ТФТ се врати и успеа да израмни на 30-30. Галовеј погоди едно слободно фрлање за минимални 30-31, по што домаќините погодија три тројки во низа и поведоа со убедливи 39-31. Мишковиќ ја прекина серијата на противникот, но домаќините ја задржаа предноста и на одмор заминаа со предност од 46-40.
Третиот период донесе големи проблеми во нападот на Пелистер, во првите шест минути постигнавме скромни седум поени, а противникот го искористи тоа за да се одлепи на 56-47. Трајковиќ зеде тајмаут при 58-47, но ситуацијата на теренот не се промени на подобро за Пелистер. Напротив, домаќините дополнително ја зголемија предноста завршувајќи ја треетата четвртина со убедливи 64-49.
„Пелистерци“ со тројките на Гамбрел и на Стајиќ само за момент ја спуштија разликата под 10 поени (64-55). ТФТ сепак успеа да се консолидира, се врати во ритам и го задржа водството, на крајот заслужено славејќи со конечните 79-67.
Стајиќ и Антоан со по 14 поени беа најефикасни во таборот на Пелистер, со 12 поени мечот го заврши Гамбрел, додека центарот Галовеј имаше 11 поени и 9 скокови зад своето име.

Пелистер по овој резултат и дефинитивно го завршува лигашкиот дел на шестото место на табелата, па во четвртфиналето од плејофот ќе ги одмериме силите со третопласираната екипа од регуларниот дел од сезоната.