Press "Enter" to skip to content

Раул Алонсо: бодот предност во плеј-офот не значи ништо, мора да ја браниме првата позиција секоја недела

По победата во Кавадарци во четвртокот, екипата на Еурофарм Пелистер од Битола денес во Охрид  во рамките на второто коло на плеј-офот игра против Охрид. Тренерот Раул Алонсо зборуваше пред новинарите пред последниот тренинг и опомена дека на ниту еден ривал нема да му биде лесно на теренот на охриѓани.

-Се подготвуваме натпревар по натпревар, знаејќи дека сме во добра позиција. Во октомври и ноември бевме во сосема поинаква позиција, но стигнавме до првото место и имаме бод предност. Но, тоа не значи ништо. Може да не ни биде предност и мора да бидеме претпазливи и да ја браниме првата позиција секоја недела. Видовме пред неколку дена против Тиквеш. Беше тешко да се победи, бидејќи нашиот ривал силно се бореше. По полниот со натпревари февруари и нешто помирен март, сега сме пак во натпреварувачки ритам. Имаме големи очекувања, но ништо не сме освоиле. Имаме еден бод предност, но и уште девет натпревари и ќе биде тешко уште в недела во Охрид.

-Оваа екипа покажа пред седум недели дека се одличен тим, имаат супер-атмосфера во салата во Охрид, прават голем притисок и ова е еден од тимовите кои секогаш можат да победат против најдобрите. Го знаеме нивниот квалитет, ќе биде тешко, но знаеме и дека поседуваме квалитет. Сигурни сме во одбраната и имаме уште малку време да го подготвиме натпреварот.

Секогаш сум среќен кога нашите навивачи нè бодрат насекаде. Откако сум во Битола ја чувствувам нивната поддршка, потребни ни се и нека продолжат така до крајот на сезоната“, рече Раул Алонсо.

Дуелот Охрид – Еурофарм Пелистер ќе го судат браќата Методија и Михајло Илиевски од Битола.