Синоќа во големата сала во Центар за култура Битола Камерен Оркестар на Битола го одржа 7. по ред традиционален концерт „Засекогаш во срцата”, посветен на незаборавниот македонски пејач и музичка легенда, Тоше Проески, а по трагичниот настан во Кочани, поради што беше и одложен концертот и песни од ДНК.
Концертот „Засекогап во срцата“ на НУ Камерен Оркестар другите солисти беше посебно емотивен. Концерт кој предизвика солзи бидејќи на еден начин се оддаде и почит на трагично загинатите маузичари од бендот ДНК со изведба на нивниот хит „Ако утре ме нема“ која силно, емотивно ја пренесе Андријана Јаневска во придружба на маестро Благојче Трајковски.
На крајот со изведба на „ За овој свет, еден и единствен“ публиката ја разнежија и расплакаа ученици од ОУ ресурсен центар „Кочо Рацин“ кои направија магија на сцената во Центарот за култура Битола настапувајќи заедно со Наде Талевска и Ана Петановска, а придружувани од хоровите „Битвокс“ и „Тин Попрокет и Камерниот оркестар IWConnect.
Сите заедо на сцената создадоа вистинско уметничко доживување, а кај публиката предизвикаа солзи во очите.
Настан кој предизвика силни емоции уште на почетокот со оддавање на почит со едноминутно молчење за настраданите во пожарот што се случи во дискотеката во Кочани.
Покрај Андријана Јаневска која настапи со песната „Ако утре ме нема“ на групата ДНК. Големите хитови на Тоше Проевски многу емотивно ги изведоа солистите: Ѓоко Таневски „Тајно Моја“, „Is this love“ , Наде Талевскa „Игри без граници и Полско цвеќе, Димитар Андоновски „Животе брате“, „Све је ово премало“, Срце није камен“.
Ана Петановска ги испеа „Има ли ден за нас“ Горан Наумовски „Усни на усни“, Бојан Стојков „Ако ме погледнеш во очи“, „Иконо моја“, Мина Блажев „ Боже чувај од зло“, Још увек сањам да смо заједно“, Јасна Димитровска „Hardest thing“, „Среќна ли си ти“.
Марија Митровска ја испеа “Соба за тага“, а настапија и Ангела Илиевска и хоровите „Битвокс“ и „Тин Попрокет.
Сите беа придружувани од Камерниот оркестар IWConnect Битола.
Владимир Димовски изјави:
-Засекогаш во срцата“ е концерт посветен на нашата најголема поп-икона, чиј живот за жал прерано заврши. Во претходните години концертот го посветувавме и на други, за жал починати ѕвезди, како Пепи Бафтировски, Драган Каранфиловски Бојс, Аки Ракимовски, но оваа година тој е посветен исклучиво на Тоше.
Жанета Ристевска
Фото: Дамијана Ристевска











