Денес, среда, 9 април, во Битола според прогнозите на метеролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура во Битола до 11 степени.
Утре, четврток, 10 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура во Битола до 13 степени.






