Press "Enter" to skip to content

“Bv Business Group“ ги избра победниците на ликовниот конкурс „Боите на природата во здрава и чиста Битола“

По повод Денот на пролетта и екологијата 21 март, “Bv Business Group“, по трет пат, традиционално го организираше ликовниот конкурс, овојпат на тема “Боите на природата во здрава и чиста Битола”.

Учество зедоа деца од детските градинки и ученици од основните училишта од Општина Битола, Могила и Новаци. На конкурсот пристигнаа 131 ликовна твроба.Жирито под водство на професорот Стефан Талев избра три победници, по еден во секоја категорија.

Прва категорија, деца во детски градинки на возраст од 4 – 6 години, победник е Ровена Јусуфи од ЈОУДГ “Кокиче” – Битола.Втора категорија, ученици од 1 до 5 одделение, победник е Ива Атанасова од ООУ “Климент Охридски” – Битола.

Трета категорија, ученици од 6 до 9 одделение, победник е Дарија Даевска од ООУ
“Гоце Делчев” – Битола.Цртежите беа објавени и на официјалната facebook страна на организаторот каде беше отворено и гласање, а победник заклучно со пресекот на гласовите на ден 25.3.2025 година во 15 часот беше Меланија Атанасовска од ООУ “ Елпида Караманди“ – Битола со 741 глас.

Најмладите жители на Битола и околината преку овој ликовен конкурс со своите мали, но големи уметнички дела испратија силна порака во каква животна средина сакаат и заслужуваат да растат.

Текст: Пр Линк Маркетинг
Фотографии : Приватна архива на компанијата

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »