Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведување за дрога, лице скршило шалтер од стакло во болницата поврдена службеничка

На 09.04.2025 во 22.00 часот на ул. „Смилевски Конгрес” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 45 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена марихуана. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 09.04.2025 во 13.00 часот во СВР Битола, С.К. (55) од Битола пријавила дека, додека била на работното место во Клиничка болница Битола, лицето на возраст од 51 година од Битола оштетило стакло од шалтер, по што парчиња од стакло ѝ нанеле повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.