Вечер во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ ракометната репрезентација на Македонија ќе ја дочека Полска во реванш дуелот од баражот за Светското првенство, откако на првиот меч Македонија претрпе прифатлив пораз од четири разлика, 18:22.
Полјакините ќе бидат апсолутни фаворитки, но избраничките на Кристијан Грчевски се на потег, ќе треба да ја искористат битолската атмосфера за подвиг и изненадување против Полска.
Според официјалната продажба останати се околу 300 билети за натпреварот, а битолската публика ушре еднаш покажа го сака ракометот и ќе знае да направи атмосфера, а тоа е можеби главниот адут на Македонија за изненадување над ривалот.
Средбата во салата „Боро Чурлевски“ ќе се одигра во 19:00 часот.










