Вечерва во Битола женската репрезентација на Македонија после долги години одигра женски сениорски репрезентативен натпревар надвор од Скопје, на кој битолската публика, по кој знае пат, а потврди дека спорската сала е ракометен храм.
На секој натпревар на трибините во Битола има навивачи за мерак кој знаат ракомет и се голема помош за тимот, а овој пат тоа беа девојките кои го носеа дресот на Македонија.
Репрезентаивкиите се бореа 40 минути, но малку “фалеше“ да победиме, и атмосферата да биде комплетна, но тоа е тоа.
Избраничките на Кристијан Грчевски не се снадоа во Битола, имаа проблеми во нападот, а направија и голем број на технички грешки.
Македонија заради овој пораз во баражот ќе остане без Светско првенство и по 18 години, од 2007 година.
Битолчани се покажаа како одлични домаќини, а како рекоа ја чекаат машката ракометна репрезентација во Битола, и порачаа:
-Се беше супер, фали победата над Полска, но ова вечерва беше само загревање за утре, кога Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид.
Фото: Сашо Ристевски








