Press "Enter" to skip to content

Втор пораз на Македонија во Битола останува без настап на Светско (фотогалерија)

Македонија – Полска 21:23 (10:10)

Вечерва во Битола пред 3.000 љубители на ракометот женската репрезентација на Македонија не успеа да обезбеди пласман на Светското  првенство 2025, откако по вторпат загуби од Полска, овој пат со 23:21. На првиот натпревар загубија со  22:18.Во исполнетата „Боро Чурлевски“, навивачите беа осмиот играч на нашата репрезентација и некаде до 45. минута, сите опции беа во игра, но во последните десет минути Полска на искуство не дозволи да има сензација.На отворањето на натпреварот во Битола првиот гол го постигна Полска преку искусната Кобилинска за 0:1 во 5. минута, а минута подоцна Олек погоди за 2:0. Македонија преку Дамјановска го постигна првиот гол за 1:2, но гостинките бргу возвратија за 1:3. Одбраната на нашата репрезентација делуваше според посакуваното и се израмни на 3:3, а потоа и 4:4.  Во средината на првиот дел гостинките имаа 4:5, а по грешките на Македонија 4:6.“Црвено-жолтите“ со два гола во низа израмнија на 6:6. Мицевска влезе во елемент, по нерешените 7:7, одбрани пенал, а Младеновска во следниот напад погоди за првото водство на Македонија, 8:7. На три минути пред крајот на првиот дел, незгодна повреда заработи Ангела Јанкуловска. Ракометарките на Полска ја вратија предноста, поведоа со 8:9, а по 30 минути игра беше 10:10.Вториот дел започна ефикасно, двете репрезентации полесно доаѓаа до погодок, но проблем за Македонија беше тоа што никако не можеше да фати ритам за предност. По предноста на Полска од 16:14, Македонија со мини серија израмни на 16:16, имаше напад за предност, но Саздовска направи чекори и гостинките казнија за 16:17, после пак реми, 17:17.Беше 18:18 во 48. минута, а Полска дојде 18:20, а нашата репрезентација израмни на 20:20. Веќе во 55. минутам при предност на Полска од 21:20, јасно беше дека Македонија ќе го заврши сонот за мундијалска виза. Се беше д0 крајот само рутинско одработување, за на крај Полска да се радува на втората победа.Најефикасна во репрезентацијата на Македонија беше Катерина Дамјановска со пет погодоци, четири имаше Ива Младеновска, по три постигнаа Ангела Јанкуловска и Јована Саздовска.

Фото: Сашо Ристевски