Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и физички напад

На 13.04.2025 во 19.50 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Ѓорги Наумов” во Битола, три лица на возраст од 58, 26 и 49 години, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава.

На 13.04.2025 во 13.40 часот во СВР Битола, И.У. (37) од Битола пријавил дека на ул.„Тошо Даскало” во Битола бил физички нападнат од неговиот сосед на возраст од 57 години. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.