Press "Enter" to skip to content

Санација и адаптација на објект на поранешно кино “Партизан“ во Битола

На 65. по ред владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за содржината на Програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи во областа на културата за 2025 година.

Со програмата се опфатени 11 проектни активности кои ќе се реализираат од страна на Министерството за култура и туризам и Националните установи од областа на културата кои се носители на активностите.

Со оваа програма се предвидуваат активности за санација и адаптација на објект на поранешно кино “Партизан“ во Битола при НУ Народен театар – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »