Денес, сабота, 19 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата во Битола до 23 степени.
Утре, недела, 20 април, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 23 степени.






