На првиот ден на Воскресението Христово во црквата “Св. Недела“ во Битола се одржа Воскресна Света Литургија која ја предводеше, старешината на црквата, отец Пенчо Пусовски, заедно отец Љупчо Атанасов.
На Светата Литургија присуствува голм број на верници, на радост на сите на старешината, отецот, верниците, кои истакнаа дека ова е ден кога има најголем број на верници.
По службата се пристапи на причест на верниците, меѓу кои имаше и голем број на деца, кои од црквата добија и мали подароци.
По Воскресната Света Литургија беше прочитано и Посланието на Владиката Петар, а се одржа и света причест на верниците. 
[ngg src=”galleries” ids=”2388″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






