Press "Enter" to skip to content

Нова победа на кадетите на Еурофарм Пелистер (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бисинов ФЛ 46-16 (кадети)

Денес во спортската сала во Битола кадетите на Еурофарм Пелистер ја победија екипата на Бисинов ФЛ, Велес во рамките на 18. коло, последното коло од групната фаза. -Убедлива победа во 18 -тото, последно коло од фазата по групи на кадетскиот шампионат на Македонија, за максимален учинок на нашите кадети. Со што останаа единствена екипа со 100% учинок во кадетскиот шампионат рече тренерот на кадетите Фарук Мемиќ. 

На натпреварот сите играчи добија шанса за настап, при што се впишаа во листата на стрелци во состав: Фехми Мелин, Мацанковски Јован (голмани), Лазаревски Стефан 4, Велјановски Павел 3, Спировски Тео 7, Трсунов Архангел 6, Неданоски Петар 1, Мијалчев Горазд 2, Атанасовски Горазд 2, Ѓоргиевски Стефан 3, Георгиев Андреј 6, Дамчевски Андреј 5, Марковски Владимир 3, Симоновски Јован 2 и Бошковски Антонио 2.
Службен претставник: Стефановски Бојан. Фото: Дамијана Ристевска

More from СпортMore posts in Спорт »