Press "Enter" to skip to content

Бендот “The Groove“ со новата авторска песна “Тука сум до тебе“ за која сними и видео

Битолски бенд “The Groove“ деновије ја издаде нивната нова авторска песна “Тука сум до тебе“ која ќе биде дел од нивниот нов албум. Станува збор за емоционално парче на музика.

Бендот “The Groove“ постои од 2015 година и настапува низ цела Македонија чии настапи се познати по одличните журки, позитивна енергија и препознатливиот стил. Последната година бендот се насочува кон креирање на своја авторска музика и работи константно на истата.

Првиот сингл “Љубов“ беше изваден во јануар месец и беше прифатен одлично од публиката.

Вториот сингл ,,Тука сум до тебе” е едно емоционално парче музика кое е снимено во Омни студио во Битола, а видео записот е снимен на повеќе локации во и околината на Битола од страна на Dreamcast production.

Монтажата е правена од добро познатиот Никола Тргачевски – Кумба.

Паралелно бендот работи на останатите песни и целта на бендот е некаде август месец да го извади првиот албум на кој ќе претстои и промоција на истиот.

More from ВестиMore posts in Вести »