Press "Enter" to skip to content

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го одбележува Денот на своето основање под мотото “Корени и крилја – Европска диплома дома“ (мега фотогалерија)

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во академската 2024/2025 година, го одбележува 25 април – Денот на своето основање, својот 46 роденден под инспиративното мото “Корени и крилја“, што симболично ја изразува синтезата меѓу длабоката вкоренетост во националната и образовна традиција и стремежот кон иновативни и европски образовни хоризонти.Мотото претставува тематска рамка за мултидисциплинарната програма што започна на 24 април и се реализира на повеќе локации низ Битола.Во рамките на одбележувањето на 25 април, Денот на основањето на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ – Битола, организиран е Отворен ден под мотото #Корени и крилја – Европска диплома дома“, иницијативата #COLOURSjuniors и целиот назив на кампањата

Универзитетот, во својата програма вклучува неколкудневни активности со кои има за цел да ја доближи и презентира студиска програма пред матурантите со посебен акцент на партнерството КОЛОРС АЛИЈАНСА, а со тоа создава можности за меѓународна соработка со  останатите Европски Универзитети, членки на Алијансата.По тој повод, УКЛО организира традиционален Отворен ден, наменет пред сè за средношколците, со цел да се прикажат придобивките од студирањето и активната улога на Универзитетот во рамки на КОЛОРС Алијансата.Настаните се одвиваа во присуство на меѓународни академски гости. Посебно значење имаше присуството на проф. д-р Хаике Траутман, новоизбрана претседателка на КОЛОРС Алијансата, д-р Анете Клинкерт, директорка на КОЛОРС и д-р Крис Шатка, одговорен за квалитет во Алијансата.Придружувани од раководството на УКЛО, предводено од ректорот проф. д-р Игор Неделковски, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, професорката Рената Петревска Нечкоска и проф. д-р Мимоза Богданоска Јовановска, одговорна за колаборативен простор УКЛО КОЛОРС, потврдена е стратешката ориентација на УКЛО кон интензивирање на меѓународната соработка и европеизација на академската култура.Денешните активности започнаа со панел дискусија, претходно обраќање по повод Денот на своето основање имаше ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, кој ги пздрави присутните, посебно високите гости од Колора Алијансата, и го објасни мотото на годинашното одбележување “Корени и крулја“, односно за традицијата на УКЛО што се корените на УКЛО и новите проекти на Универзитетот, посебно со програмата Колорс која им дава можност на студентите да учат дома, а дипломата да им биде призната во Европските земји.На панел дискусијата свое учество имаше и градоначалникот Тони Коњановски каде што истакна дека Општината има клучна улога во образованието на младите и нивнот развој во заедницата и пред младите ја истакна важноста од стекнување на високообразовна диплома која има значајна улога во понатамошениот личен развој, но исто така и напредокот на општеството и градот, затоа што младите се најважната алка на едно општество.На присутните им се обратија и зборуваа на панел дискусијата и проф. д-р Хаике Траутман, новоизбрана претседателка на КОЛОРС Алијансата, д-р Анете Клинкерт, директорка на КОЛОРС и д-р Крис Шатка, одговорен за квалитет во Алијансата, кои зборуваа согласно своите овластувања во Алијансата.Со нивното присуство, Универзитетот испраќа силна порака за значењето на интернационализацијата и заедничкото градење на европскиoт образовен простор.Потоа следуваше сесија посветена на „Перспективите на УКЛО“, каде учесниците ќе дискутираат по методологијата World Caffe, во неформална атмосфера.На оваа сесија беше додело признанието за надарени и таленирани студенти. Годинашен добитник е Катерија Стојкоска е признанието и го додели ректорот Неделковски.Програмата продолжи со музички настап на платото пред Офицерскиот дом под мотото „УКЛО и пријателите“,  на која средношколците изведоа музичка прогама, а беа доделени цертификати на најуспените средношколци кои ипратија свои дела на конкурсот кој беше објавен во рамки на активносите од проектот Колорс Алијанса.Денешните активности завешија со панел-дискусијата “Жените во енергетиката“, на која ќе се дебатира за родовата застапеност во овој значаен сектор.Утре, сабота, 26 април, програмата се сели пред Студентскиот информативен центар, од каде што во 11 часот ќе започне настанот „УКЛО ВЕЛО / УКЛО МАРШ“, со организирано движење пеш или со велосипеди до манастирот „Св. Атанас“ во селото Смолево. Денот ќе заврши со заеднички пикник во природата.Вчера во просториите на Ректоратот на УКЛО со Историски час посветен на Македонското научно друштво, во чии рамки се направи едукативен осврт кон формирањето на македонската научна мисла и нејзината улога во етаблирањето на академскиот идентитет на државата.Во рамките на свечената програма беа промовирани седум нови доктори на науки, што претставува важен индикатор за растот и зрелоста на научната заедница на УКЛО, како и за поддршката на Универзитетот за континуиран научен развој со висок општествен импакт.Еден од централните моменти на одбележувањето беше отворената Колаборативна мобилна зона поставена на Широк Сокак и во киното „Манаки“, како дел од КОЛОРС Алијансата. Овој простор овозможува инклузивен и интерактивен дијалог меѓу студенти, млади истражувачи и пошироката јавност. Сцената беше конципирана како простор за мултидисциплинарна размена на идеи и иницијативи поврзани со одржливост, културна размена и образовни иновации.Во Студентскиот информативен центар – СИЦ, во CoSpace зоната – простор кој се профилира како лабораторија за студентско претприемништво, ко-креирање и интердисциплинарна соработка беа одржани бројни интерактивни сесии со фокус на иновативни образовни модели, кои произлегуваат од соработката во рамки на УКЛО КОЛОРС иницијативата.

Сашо Ристевски

Фото: Дамијана Ристевска