На 25.04.2025 во Старата битолска чаршија, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 51 и 46 години, двајцата од Битола, затоа што физички нападнале полициски службеник кој преземал службени дејствија. Тие се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот ќе им биде поднесена соодветна пријава.
На25.04.2025 во 14.59 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. “Димитрије Туцовиќ“ во Битола, патничко моторно возило удрило во пешакот на возраст од 82 од Битола, по што возачот со возилото го напуштило местото. По несреќата, повредената е пренесена во Клиничка болница Битола, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.04.2025 во 10.30 во СВР Битола, А.К. (44) од Битола пријавил дека во основнотпо училиште во Битола во кое учела, неговата малолетна ќерка била турната од неколку соученици, при што се здобила со тешка телесна повреда, констатирана во здравстена установа. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.