Press "Enter" to skip to content

Kaдетките на Пелистер третопласирани, “вардарки“ се шампионки на Македонија (фотогалерија)

Денес во Битолоа се одигра кадетското Ф4, а натпреварите се одиграа во реновираната спорска сала на средното медицинско училиште.Во битката за третото место и бронза домаќинот Пелистер го победи составот на Металург со 23:21.Kадетките на Вардар се новите шампиони на Македонија, откако во финалето ја совладаа екипата на Стружанка со убедливи 32:17, во натпревар во кој уште еднаш го потврдија квалитетот, наметнувајќи ја својата игра и во текот на целиот натпревар не дозволија ривалот да се надева на нешто повеќе на овој меч.Во финалето поведе Вардар со 10:1, на пауза беше 16:4, а второто полувреме беше само формалнст до доделување на наградите и пехарите.Пехарот за најдобрите им го додели заменик градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски, кој на сите екипи и го честита пласманот во Ф4, а посебно на ракометарките на Пелистер.Претходно во полуфиналето вардарки имаа потешка задача и го совладаа со составот на Пелистер со 26:20, додека Стружанка беше подобра од Металург со 22:19.По финалето на завршниот турнир во Кадетската женска лига, беа доделени и индивидуалните признанија.Најкорисен играч на Ф4 турнирот што се одигра во организација на битолски Пелистер беше Мила Ристовска, стружанката во редовите на Вардар.За најдобра голманка беше прогласена Марија Дуноска, која имаше одлични партии, особено во полуфиналето против Металург, додека најдобриот стрелец исто така доаѓа од Стружанка, а тоа е Јана Петреска.Признанијата им ги додели легендарната Индира Кастратовиќ, која е координатор на сите женски репрезентации.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2399″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″ order_by=”imagedate”]

More from СпортMore posts in Спорт »