Press "Enter" to skip to content

“УКЛО-ВЕЛО“ / “УКЛО МАРШ“ за крај на одбележувањето на роденденот на Универзитетот “Св. Климент Охридки“ Битола (фотогалерија)

Денес завршува одбележувањето на основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола, односно 46 роденден под инспиративното мото “Корени и крилја – Европска диплома дома“ кое започна пред три дена.Одбележувањето заврши денес со настан кој започна пред Студентскиот информативен центар, насловен “УКЛО ВЕЛО / УКЛО МАРШ“.Настанот беше организирано движење пеш или со велосипеди до манастирот “Св. Атанас“ до месноста Смолево.На денешниот настан беа примовирани и службените велисипеди за кои ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, рече дека ветеран во користење на велосипед во градот и планинскиот велисипедизам, ја дал идејата која била прифатена од стана на сите.-Јас најголем дел од движењето во Битола го правам со велосипед, а службените возила ги користиме само за службени патувања или церемонии. Со набавката на службените велосипеди, имаме и електрични и нивното користење ќе продонесеме за почист град и ќе придонесеме за подигање на свеста, рече Неделковски.До Смолево пешачеа и возеа велосипред проректорите Јасмина Буневска – Талевска и Јове Димитрија Талевски, академската раководителка на УКЛО КОЛОРС, професорката Рената Петревска – Нечкоска, професори, декани, вработени во УКЛО, секако и студенти.Заедно со нив беа и меѓународни академски гости  проф. д-р Хаике Траутман, новоизбрана претседателка на КОЛОРС Алијансата, д-р Анете Клинкерт, директорка на КОЛОРС и д-р Крис Шатка, одговорен за квалитет во Алијансата.

Денот заврши со заеднички пикник во природата.

More from ВестиMore posts in Вести »