Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно со повремен локален дожд

Денес, недела, 27 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Упрвата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата во Битола до 18 степени.

Утре, понеделник, 28 април, во Битола времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.