Press "Enter" to skip to content

Победа на екипата на Топ гол од Битола во градското дерби против Атлетико

Топ Гол – Атлетико 2:0 (0:0)

Во рамките на 21. коло од ПФЛ жени во градското дерби Топ гол го совлада Атлетико со конечен резултат од 2:0, полувреме 0:0. Во натпреварот кој се одигра на фудбалскиот терен “Павел Шатев“ во Битола, популарното Ќумурно, со головите на Илиевска во 53 м. и Милевска во 87 м.

Топ гол ја оствари својата четврта победа и прокнижи нови три бода на своето бодовно салдо.

-Одигравме квалитетен натпревар, девојките беа на висина на своите задачи и секоја од нас го одработи она што бевме договорени во подготовката за ова дерби. Доминиравме во текот на целиот натпревар, не успеавме да постигнеме гол од изгледни шанси, но покажавме дисциплина, не подлегнавме на провокациите и со емоционална стабилност рутински го одигравме натпреварот. Честитки за моите фудбалерки за направеното на овој натпревар,  изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.

За Топ гол настапија: Талевска, Ристевска, Давчева, Мојсоска, Марковска, Шабановска, Талевска М., Стојчевска, Илиевска, Јончевска и Милевска. Уште играа: Стевановска, Николоска и Куневска.

Следното 22. коло екипата на Топ гол и гостува на Ас Јунајтед во Струга.

More from СпортMore posts in Спорт »