Денес, понеделник, 28 април, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 19 степени.
Утре, вторник, 29 април, во Битола времето ќе биде утрото ведро и посвежо, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 19 степени.






