Во Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола се одржа 24 Општински натпревар „Млади Библиотекари“. На овој натпревар учество зедоа ученици од 7 основни училишта и 1 ученик од основното училиште во општина Могила.
Комисијата составена од 4 члена после прегледаните тестови соопшти дека прво место на овој натпревар освои ученичката Теодора Гацовска од ООУ “Коле Канински“ Битола, под менторство на наставничката Симона Стаменковиќ-Силјановска.
Наградите им ги додели директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска -Давкова.
Според постигнатиот резултат и најмногу освоени поени на Општински натпревар „Млади библиотекари“- Битола, ученичката Теодора Гацовска која ќе не претставува на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој оваа година ќе се одржи во библиотеката НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево.

Теодора Гацовска од ООУ “Коле Канински“ Битола најдобар млад библиотекар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









