На 28 април 2025 година, во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се одржа предавањето: „Библиотеката против булингот и сајбер булингот“ Препознавање и реакција: Како библиотекарите можат да помогнат?
Предавањето беше дел од проектот поддржан од програмата Еразмус+ (КА122 – ADU) и собра библиотекари, едукатори и професионалци од областа на образованието и менталното здравје, обединети околу заедничката цел: создавање безбедна, инклузивна и поддржувачка библиотечна средина.
Предавачи беа Наташа Беќирова, психолог и д-р Марина Кузмановска, психотерапевт.
Учесниците имаа можност да стекнат знаења и практични алатки за: препознавање на различни форми на булинг, идентификација на знаци кај жртви и сторители, развивање на емпатија и активна поддршка и градење библиотека како безбедно прибежиште.
На настанот се обрати и директорката на библиотеката, м-р Емилија Стефановска Давкова, истакнувајќи ја важноста на улогата што библиотекарите ја играат во современото општество – не само како чувари на знаење, туку и како активни чинители во грижата за менталната и социјалната добросостојба на корисниците.











