Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: повреден мороциклист, сообраќајка со поврдено лице, физички напад, повреда од дијабола од пластичен пиштол

На 01.05.2025 во 18 часот во СВР Битола било пријавено дека во село Долно Српци, општина Могила, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 22 годишник од с.Долно Српци, и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблици, управуван од 21 годишник. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил моторциклистот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.  

На 01.05.2025 во 23.04 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дебарска“ и ул. „Илинденска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел зафира“, управувано од 23 годишник од Битола и патничко возило „опел астра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 32 годишник од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на опелот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

На 02.05.2025 во 00.00 чaсот  во СВР Битола М.А. (23) од Битола пријавил дека  на ул.„Козјак” во Битола бил физички нападнат од  лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 01.05.2025 во 20.20 часот во СВР Битола, М.Р.М. (39) од Битола пријавила дека во атар на с. Крстоар, во близина на Крстоарски манастир, 19 годишник со пластичен пиштол на дијаболи го погодил во ногата нејзиниот син. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.