Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер го победи Тиквеш во Битола во плеј-офот (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тиквеш 29:25 (11:12)

Вечерва во Битола екипата на Екипата на Еурофарм Пелистер прокнижи нови бодови во Суперлигата, во рамките на плеј-офот по победата над ГРК Тиквеш со резултат 29:25, полувреме 11:12.Екипата на Еурофарм Пелистер со денешната победа дојде по потешкиот пат, а екипата на Тиквеш прикажа достоен отпор кон домаќинот, а кој ќе биде победник се одлучи во второто полувреме кога дојде со израз квалитетот на домаќинот.Во првото полувреме Еурофарм Пелистер и Тиквеш играа рамноправно. Пелистер имаше водство, имаше и 9:7, меѓутоа Тиквеш израмни на 9:9. До крајот на полувремето Тиквеш дојде и замина на одмор со +1 (11:12).И второто полувреме се продолжи со истиот резултатски развој. Пелистер имаше водство од 19:18, а потоа тргна во победа тимот на Еурофарм Пелистер.Манасков кој погоди од пенал, а потоа Никола Митревски имаше одбрана од зицер, за 21:18 по голот на Тајник. Пелистер имаше и 24:20, потоа и +5 (27:22), а на крај на 29:25.

Кај тимот на Еурофарм Пелистер  најефикасен беше Дејан Манасков со 10 гола, Филип Кузмановски постигна 5 гола. 

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »