Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер со нова победа во Битола и 100% учинок се “чекираа“ за Ф4 за шампиони на Македонија (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Тинекс 31:30 (14:12)

Младинците на Еурофарм Пелистер денес во спорската сала “Боро Чурлевски“ во Битола ја победија екипата на Тинекс со резултат 31:30, полувреме 14:12. Вкупно на двата натпревари против Тинекс младите “пелисерци“ имаат резултат од 81:59 и со тоа се “чекираа“ на Ф4 турнирот за разигрување за шампион на Македонија во младинска категорија.Треба да се напомене дека младите избраници на Фарук Мемиќ и Кире Митревски имаат 100% максимален учинок, без ниту еден загубен бод.

На натпреварот сите играчи добија шанса за настап во состав: Лазаревски Стефан, Велјановски Павел 4, Фехми Алдин 5, Спировски Тео 1, Ѓоргиевски Стефан 6, Мијалчев Горазд, Ѓоргиевски Лука 6, Буторац Карло 3, Дамчевски Андреј 1, Георгиев Андреј 1, Велески Иван 3, Симоновски Јован 1, како и голманите: Фехми Мелин, Трсунов Атанасиј, Мацанковски Јован.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »