Пелистер – Работнички 85:67 (2:2)
Нова убедлива победа против Работнички за 2-2 во серијата – Мајсторка ќе го одлучува полуфиналистот! Кошаркарите на Пелистер низ доминантна игра во второто полувреме дојдоа и до втора убедлива победа против Работнички, овој пат од 85-67, за израмнување во четвртфиналната серија на 2-2. На тој начин Пелистер се избори за мајсторка преку која ќе се обиде да дојде до полуфиналето од плејофот во Првата македонска кошаркарска лига.
Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ почна со подобра игра на гостите кои успеаја да наметнат ритам за водство од стартот и да дојдат до предност од 6-18 во првата четвртина. Но, нашите кошаркари навлегоа во позитивен ритам за да на крајот од првиот период на играта, сепак, се дојде до 17-22. 
Втората четвртина мина максимално израмнета за да на полувремето се замине со предност на Работнички од пет поени (39-44).Но, потоа следеше вистинската слика на нашиот тим, низ триумфален чекор воден од Стајиќ, Галовеј и Антоан дојде до комплетен пресврт за влез во последната четвртина со предност од 61-54.
А, во последниот период од играта се играше низ сосема идентичен стил само за дополнително зголемување на предноста, на крајот и за конечна победа од +18 поени разлика (85-67). 
Галовеј беше најдобриот поединец во таборот на Пелистер со „дабл-дабл“ од 15 поени и 15 скока, Стајиќ запиша 21 поен дополнети и со пет скока а Мишковиќ заврши со 17 поени и пет скока, Антоан постигна 14 поени, дополнети и со шест скока.
Фото: Дамијана Ристевска









