Денес, недела, 4 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата во Битола до 27 степени.
Утре, понеделник, 5 мај, во Битола времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Температурата во Битола до 25 степени.






