Гостивар – Пелистер 0:3 (службено)
Како и беше најавено вчера Гостивар се откажа од играњето во Првата фудбалска лига на Македонија, а иако постоеше можност да се појави во Струмица денес до 16:00 на теренот во Струмица во рамките на 30. коло тоа не се случи.
На теренот во Струмица се појави само екипата на Пелистер од Битола и официјалните лица, делегат и судии.
Според пропозициите судиите сочекаа половина час и главниот судија Јован Качевски од Струга означи крај на натпреварот. Според правилникот натпреварот ќе биде регистриран со службени 0:3 за “пелистерци“.
По 30 одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 7. место на табелата со 38 бода.