-Во Центарот за култура во Битола се одржа свечена академија на Унијата на Здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За Нас“ под мотото „Нашите сестри. Нашата иднина, грижата за сестрите ја зајакнува економиите“.
-Болницата “Плодност“ од Битола домаќин на свечената академија, а свои презентации имаа Снешка Дмитровиќ, Сузан Драла и Мерлинда Драла.
-Плакети доделени на градоначалникот – Тони Коњановски, сопственикот на “Плодност“ – прим. д-р Таше Трпчевски, ректорот – проф. д-р Игор Неделковски, главната сестра на “Плодност“ – Ребека Алексовска, пензионираните Слободанка Брглева и Елена Стојановска…
По повод меѓународната недела на сестринството, Унијата на здруженија, предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас”, утре организира Свечена академија, под мотото „Нашите сестри. Нашата Иднина. Грижата за сестрите ги зајакнува економиите.” Овој настан беше посветен на сестринството како суштински дел од здравствениот систем со акцент на вредноста на сестрите и акушерките во секој сегмент од грижата за пациентите.
Свечената академија беше можност за размена на искуства, оддавање признание и поттикнување на солидарноста меѓу колегите, а на Академија зборуваше Гордана Бешлиовска, претседателка на здружението „За Нас“, која доби голем апауз по кој рече:
-Аплаузот е за нашите колешки кои ги изгубивме за време на Ковидот, за сите наши хероини кои се дадоа себеси во големите катастрофи, за нашите колешки кои сега на работа, за колешките кои се работат надвор од нашата држава, за членките на нашето здружение, за се она што ние го правиме како медицински сестри, за нашата професија која е најблагодарна и додаде:
-Медицинските сестри не се само алки во здравствениот систем туку тие се суштинскиот дел во здравствените системи и затоа инвестицијата во медицински сестри и инвестиција во здрава нација. На медицинските сестри им е потребна автономноста за како што рече да знаат за што конкурираат на работните места. Ако докторите имаат своја специјалност, тогаш тоа е потребно и за медицинските сестри за кои посебно е важен кариерниот развој. Во Битола е расадникот за медицински сестри, тука е Високата медицинска школа, тука е и првото средно медицинско училиште формирано во 1947 година, но потребно е образованието да произведува што повеќе кадар соодветно на сондажата од терен и затоа потребни се дополнителни паралелки со специјални програми за медицински сестри, истакна Бешлиовска.
Таа најави дека доколку до крајот на овој месец не се реализираат ветените конкурси за вработување на медицински сестри со договор на дело тогаш силно ќе го кренат гласот и ќе брани професијата со едукација, ќе се бара исполнување на ветеното со цел подигнување на вредноста на пациентите и ќе бара европски лик и имиџ на медицинската сестра во земјава.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, заблагодарувајќи се за плакетата кој му беше доделена рече:
-Малку има што да се додаде после обраќањето на Бешлиевска, но во име на градот сакам да се заблагодарам за тоа што 8. по ред свечена академија се одржува во Битола, надвор од Скопје. Ви го честитам денот на акушерките и сестрите, а ќе се обратам кратко како лекар, здравстен работник, е не како градоначалник. Професијата која ја имаме заедно, не е бројка, не е само дел од здрватствениот систем. Се она што го научив е од тимската работа со медицинските сестри, со кои сите заедно го имаме помината како најубави моменти. Да се биде медицинска сестра значи да биде надежта која вие му ка давате на пациентот, кој може да биде наш роднина, пријател, комшија или непознат, а вие како рековте сте ангелите на земјата.
Плакета му беше доделена на примариус д-р Таше Трпчевски, сопственик на “Плодност“ кој имаше свое многу емотивно обраќање до сите медицински сестри за што доби долг аплауз и овации.
Посебно признание доби и главната сестра во болница “Плодност“, Ребека Алексовска.
-Возбуден сум поради тоа што ми е направена огромна чест со тоа што го кажавте за мене, односно како ме претставивте, од страна на организаторот. Сакам да кажам дека да и верувате на Бешлиовска бидејќи само таа може да ве “однесе“ на правиот пат вие да го добието она што го заслужувате, да имате своја сестринска комора. Тука ја одбележуваме сестринската недела, но и да оддадеме почит кон сестринската професија, која е симбол на хуманост и храброст. Вие сте столб на здравствениот систем, вие сте успешна приказна на здравствениот систем. Вие треба да бидете рамноправни со нас лекарите и да не бидете во сенка, бидејќи заедно живееме, се бориме заедно и носиме иста одговорност.
-Јас како основач на “Плодност“ во име на сите вработени чуствувам гордост што сме домаќини на оваа свечена академија благодарение на идејата на Бешлиовска. Ви ветувам дека и понатаму ќе ја имате поддршката и понатаму, бидејќи, вие сестрите, ја имате нашата поддршка, едно време на нови протоколи, нови апарати нема да има смисла ништо без вас. Ние денес славиме за храброста на сестрите, кои се цело време со нас и кога е најтешко. Ние во “Плодност“ покрај воведувањето на нова техологија и покрај максималната грижа за пациентот ние ја негуваме и душата на здравството, а душата на здравството сте вие сто медицински сестри кои се вработени во “Плодност“. Ние и понатаму ќе вложуваме во вас и ветуваме дека ќе одиме чекор по чекор со вас. Бидете достоинствени, бидете храбри, бидејќи вие сте причина некој да утре да биде подобар, да биде излечен, ќе најдете чаре за нивната болка. Моја обрска е тоа да го поттикнувам секогаш, а тоа да го барате од мене со право.
Посебно признание му беше доделено на УКЛО и ректорот проф. д-р Игор Неделковски, а во име на УКЛО се обрати проректорот проф. д-р Горан Илиќ кој ја нагласи важноста на отворањето на факултетот за медицински факултет во Битола, кој ќе биде наследник на Вишата медицинска школа во Битола од која досега “излегле“ квалитетни медицински сестри.
Сестринската заклетва ја прочита Ребека Алексовска, главна сестра во болницата “Плодност“ во Битола.
Снешка Дмитровиќ, медицинска сестра од болница “Плодност“ зборуваше за улогата на медицинската сестра во Ин-витро оплодување и емоционалната поддршка кај пациентите, во за нив живото значан процес.
Свои обраќања имаа Сузан Драла и Мерлинда Драла вработени во болница “Плодност“ кои зборуваа за нивниот дел од работата кои го промовираа и презентираа пред присутните.
Посебни признанија добија пензинирата медицинската сестра од Битола Слободанка Брглева и поранешната професорка Елена Стојановска…
Признанија добија и ученик од средно образование и студент, а оваа година тоа се Ерика Ванчева од медицинскиот факултет од Штип и Михаил Јорданоски од Прилеп.
Свечената академија беше збогатена и со настапи на ученици од Државното училиште во Битола.
Текст и фото: Сашо Ристевски






