Press "Enter" to skip to content

Павле Петровиќ го нашушта Еурофарм Пелистер, продолжува во Линц, Австрија

Еурофарм Пелистер ќе продолжи во наредната сезона без десниот бек, Павле Петровиќ кој  по пет сезони помина во Битола.

Управата на австрискиот ракометен клуб Линц Аг потврди дека потпишала договор со Павле Петровиќ, кој ќе се приклучи на екипата за сезоната 2025/26.  Десниот бек на Еурофарм Пелистер се очекува да биде солидно засилување и најави дека е среќен што ќе ја продолжи кариерата во Австрија. 

Петровиќ настапуваше за Еурофарм Пелистер во изминатите две сезони и стекна големо искуство од домашната Суперлига, но и од Лигата на шампионите. 

Петровиќ во Битола во 2020 година, три сезони настапуваше за вториот тим на Еурофарм Пелистер, а последните две беше дел од првата екипа.

Босанецот Петровиќ потпиша за Еурофарм Пелистер 2

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »