Press "Enter" to skip to content

Вечер мајсторка за полуфинале, Илиевски верува во кошаркарите и пласман во полуфинале

Кошаркарите на Пелистер од Битола вечерва во Скопје во салата “Независна Македонија“ во 19 часот, го играат петтиот по ред натпревар против екипата на Работнички за пласман во полуфиналето. По четири натпревари, два во Скопје и два во Битола резултатот е нерешен 2:2, а вечерва победник ќе биде полуфиналист.

Двата порази на Пелистер во Скопје донесоаи нов тренер, а тоа е битолчанецот Дејан Илиевски кој направи резултатски пресврт и израмни на 2:2. Скромниот Илиевски за денешниот решавачки натпревар, кон битолчани го пречекуваат со дополнителна самодоверба, вели:

-Подготвени сме за она што го очекува нашиот тим, веруваме дека можеме да стигнеме до победата. Не очекувам некои преголеми тактички изненадувања, сепак овие два тима одиграа четири меча за десетина дена, така што играчите добро се познаваат, тренерите знаат што да очекуваат еден од друг. Можеби ќе има одредени детали во кратки периоди, но воглавно се е познато меѓу нас и Работнички. Ќе решава инспирацијата, мислам дека ќе биде тесен и неизвесен дуел што ќе го реши една топка, еден добар напад или одбрана, една судиска одлука… Јас верувам во мојата екипа и се надевам дека инспирацијата ќе биде на наша страна, изјави тренерот Дејан Илиевски во пресрет на денешниот решавачки дуел.

Според него, многу важно ќе биде Пелистер од самиот почеток да влезе во ритам откако на претходните две средби убедливо славеше над денешниот ривал.

-Домашниот терен вообичаено е предност, но кога станува збор за мајсторки тоа може да донесе и дополнителен притисок врз домашната екипа. Не размислуваме премногу за ривалот, туку за нас и за нашата игра. Она што според мене ќе биде важен фактор се почетните минути, за нас е многу важно добро да отворие и да не дозволиме Работнички да го контролира резултатот од почеток. Ако успееме да се одлепиме и да поведеме со најмалку седум-осум поени во почетната фаза, верувам дека ќе го исконтролираме резултатот до самиот крај и обратно, ако Работнички има водство во голем дел од мечот, макар и минимално, тоа сериозно ќе ни ја отежне задачата. Повторувам, знаеме дека нема да биде лесно, но по последните две победи сме оптимисти дека можеме да го комплетираме пресвртот и да Пелистер да се најде онаму каде што заслужува – во полуфиналето, порачува Илиевски.