СВР Битола и оваа година традиционално како и Министерството за внатрешни работи продолжува заедно со граѓаните да го чествува Денот на македонската полиција – 7 Мај.
По тој повод, денеска Кабинетот на СВР Битола и сите припадници на полицијата при СВР Битола за одбележување на празникот положуваа свежи цвеќиња пред споменикот на бранителите СВР Битола и пред споменикот „Анѓел” пред градскиот часовник.
Исто така, вратите на СВР Битола и останатите ОВР и полициски станици беа отворени за сите граѓани за посета, а посебно за најмладите деца од градинките и училиштата како од Битола така и во останатите ОВР при СВР Битола.
Со прикажување на опремата и возилата најмладите денеска се запознаа и со улогата на чичко полицаец.

СВР Битола го одбележа, 7 мај, Денот на Македонската полиција
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ренџерите и полицијата во акција за пронаоѓање на вооружени лица во НП “Пелистер“
- СВР Битола лиши од слобода две лица поради предизвикување пожари
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 30 степени
- Во Битола започна првиот фестивал посветен на чалгијата (фотогалерија)
- “Светот во страници“ – втор по ред саем на книги на НУУБ “Св. Климент Охридски“ Битола (фотогалерија)





