Press "Enter" to skip to content

Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)

Во Битола воочи  9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот и големиот јубилеј 80 години од завршувањето на Втората светска војна, премиерно беше прикажан документарниот филм „Слободата заборавена меѓу регистрите“, во киното Манаки .Филмот претставува заеднички проект на гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола, младинското радио при гимназијата и Битолскиот архив, со поддршка на Амбасадата на Сојузна Република Германија во земјава.Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, истакна дека настан не е само одбележување на 80 години од завршувањето на Втората светска војна, туку пред се е потсетник дека слободата која денес ја уживаме никогаш не била подарок. Таа е резултат на борба, жртви и отпор, врежани длабоко во колективната меморија на нашиот народ.-80 години подоцна, нашата обврска не е само да славиме победа, туку да се соочиме со историјата, со нејзините болки, замолчувања и поуки. Да ги отвориме регистрите, не само документите, туку и оние во нашата совест и да се запрашаме која е цената на слободата ако истата не ја чуваме во сеќавањето? Народот што ја заборава својата историја, сам се осудува да ја повтори – не како херојска борба, туку како трагедија. Затоа, денес, кога се навршуваат 80 години од крајот на Втората светска војна, нашата најголема одговорност не е само да се потсетиме, туку да пренесеме. Да им ја раскажеме вистината на новите генерации, рече Коњановски.Како режисер се потпишува професорот Никола Трајковски, а како кинематограв и се јавува Давид Козаров.Сценариото е заедничи текст на Козаров и Трајковски. 

Новиот документарен филм е со наслов- Слободата заборавена меѓу регистрите. Филмот зборува за слободата, за начинот на кој таа се чествувала по војната, но и до ден-дене, како и за различните перцепции на слободата од луѓе од различни генерации. Во филмот учествуваат и ученици од Гимназијата “Јосип Броз Тито” -Битола, а воедно Гимназијата е и партнер во самиот проект заедно со невладината ГЕТ иновација и Младинското радио. Логистичка поддршка и организација- Државен архив- Одделение Битола: Гоце Стојановски Димитар Ѓоргиевски Марија Друрлова Посебна благодарност до : Dream Cast production Монтажа: Дејан Трајчевски Филмот беше поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија Скопје.

Промоцијата на филмот беше проследена со кратка дискусија околу реализацијата на самиот проект.На настанот се обрати и нејзината екселенција амбасадорката на Република Германија, Петра Дрекслер.

Фото: Дамијана Ристевска

[ngg src=”galleries” ids=”2417″ display=”basic_slideshow” gallery_width=”800″ order_by=”filename”] 

More from КултураMore posts in Култура »