Јавното претријатие “Стрежево“ Битола, после пет години, реализира активности за чистење на Главниот доводен канал од отпадоци, земјен нанос и многу бујна повеќегодишна вегетација.
-Се чистеше на потегот од зафат „Драгор“ (базен Довлеџик) до зафат „SR -12“ (село Велушина) со вкупна должина од 15 km, велат од “Стрежево“ и од таму додаваат:
https://www.facebook.com/100007452128231/videos/pcb.3984404441817921/1707716823472031
-Во текот на наредната недела останува уште еден километар за расчистување до зафат „G-5“ (село Велушина). Со тоа ги завршуваме планираните активности за обезбедување непречен проток на вода во долниот дел од Главниот доводен канал.






