Еурофарм Пелистер – Струга 38:31 (18:11)
Кадетите на Еурофарм Пелистер од Битола вечерва станаа кадетски прваци на Македонија и го донесоа првиот трофеј во Битола сезонава, откако во финалето на “Ф4“ турнирот во Скопје ја победија Струга со резултат 38:31 (18.11).
Станува збор за генерацијата момчиња родени 2008 и помлади, кои во текот на најголемиот дел од натпреварот имаа предност која знаеја да ја задржат и на крајот и со победа да му донесат триумф на Еурофарм Пелистер, односно на Битола.
Тимот од Битола имаше двајца расположени голмани, Трусунов и Мацановски во текот на целиот меч и двајцата имаа двоцифрен број на одбранети топки. Трусунов со 10 гола беше најефикасен кај Еурофарм Пелистер, а по 6 дадоа Ѓорѓиевски и Данчевски.
Двете екипи стигнаа до финалето откако во полуфиналните средби дури по зиведување на седмерци.








