Press "Enter" to skip to content

“Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје

-“Креативен ден 2025“ во Битола е четири години поддршка за модните таленти и образованието.На овој уникатен настан “Креативен ден“ учествуваат сите средни стручни училишта од областа на модата и текстилот, кои ќе ги претстават своите најкреативни проекти, инспирации и таленти.-“Креативен Ден“ е платформа која на младите модни таленти им овозможува да го покажат својот потенцијал, креативност и труд пред јавноста и претставниците на индустријата. Ова е настан кој не само што ги афирмира учениците, туку и ги поврзува со бизнис секторот, кој е важен партнер за нивната иднина вели Весна Божиловиќ од продукција “Божиловиќ“, организатор на настанот.

СУГС “Кочо Рацин“ од Скопје се дел од учесниците, а ќе ги кои ќе учествуваат: в.д. директор Бобан Гoргиевски, а доаѓа тимот со учесници. Во Битола ќе се претстват проферорката по стручни предмети Емилија Савеска и ученикот Смета Мурат.

-За нас настанот е од многу големо значење. Голема шанса да се промовираме и да се дружиме со познати личности и соработници од нашата струка. Навистина сме благодарни што ќе бидеме дел од овој спектакл. Се надеваме дека ќе се покажаме во најдобро светло. Со нетрпение го очекуваме престојниот настта, велат од СУГС “Кочо Рацин“ од Скопје.

Ж.Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »