Вечерва во Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на романот “Ноќта – филм кој се чита“ од Игор Тајкоски – Фоја млад автор од Битола кој со секое ново издание ја изненадува битолската читачка јавност, а тоа се случи и на оваа последна негова промоција.За приказна „Ноќта“ – романот што ја брише границата меѓу фикција и реалност, што допира до дното на вистината, која не е филм, но ќе го доживеете како да сте во него, ззборуваа промоторите проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска претседателка на МНД Битола и д-р Никола Главинче – истакнат адвокат и публикуван автор во областа на криминалистиката, со долгогодишно искуство во правосудниот систем.
Авторот и гостите ги поздрави директорката на Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Емилија Стефановска Давкова која додаде:
-Се надевам дека овој настан и воспоставената соработка со авторот Игор Тајкоски – Фоја ќе придонесе за тој да биде уште поплоден автор и во иднина да биде истражувач и уникатен автор во неговите пишувања. Тој е наш млад писател кој допрва ќе твори, а ние како институција ќе му дадеме уште поголема поддршка. Оставам на промоторите да зборуваат за книгата, а вие да уживате во читањето.
Промоторот проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска за книгата и авторот рече:
-Го прочитав уште необјавено ова дело за што ме замоли Игор иако немав многу време за тоа, но се одлучив да бидам промотор, иако романот имаше 368 страници. Романот брзо се чита, а исто е како да гледаш филм. Кога го читав ова дело ми се наметна впечатокот дека има многу индиции кои што се расфрлани низ цел текст, а тоа го држи читателот да не прекинува, мора да го прочитате. Овој роман може да биде и сценариот за филм, сликите се движат една по друга, а ликовите оживуваат во просторот кој е толку реален. Дејството се случува на разни локации низ Битола, улици, саат кула, Широк Сокак, се споменува ракометен клуб Пелистер… а затоа романот се доживува како сложувалка, која читателот може да ја сложи.
-Ликовите се сплотени, зборуваат на битолски дијалект воздржување и без влакна на јазикот, дијалозите не се усилени, жаргонскит јазик е специфичен за младата популација. Се работи за една крими приказна во која се наѕира едно корумпирано општество, општество кое не се грижи за своите деца, додаде проф. д-р Даниела Андоновска – Трајковска.
Д-р Никола Главинче – истакнат адвокат и публикуван автор во областа на криминалистиката, во својата реч за книгата и авторот рече:
-Книгата “Ноќта“ не е обично уметничко и литаратурно издание туку јас го доживувам како еден систем кој може да се разгледува од секаков аспект, канцелариски како едно биро полно со документи како организиран хаос. Романот може да се третира и како пајтон кој се движи по битолските улици и ги анализира сите елементи кои ние гледаме секојден, но недоволно ги цениме и не застануваме да ги погледнеме повнимателно. Игор го опишува урбаниот дел од градот, а има и галерија на портрети и личности за која секој на свој начин има одлична проценка на карактерот. Еден лик е инспекторот Томе, битолчанец кој од Скопје доаѓа да го реши криминалното дело, а преку него може да се испита корупцијата во самото општество во самите државни служби.
-Сакам да му порачам на Игор да продолжи со своето творештво, да пишува за Битола, да биде дел МНД Битола, а зошто да не и на МАНУ. Кога ова го прави на оваа возраст, доста млад и има можност тоа да ги оствари. Посакувам делата на Игор да имаат интернационален формат, а тоа има потенцијал, напишано е без некои фрази кои никој не ги разбира, туку на “прост“ битолски – македонски јазик, додаде Главинче.
Игор Тајкоски – Фоја се заблагоадари за присутноста бидејќи како рече без гости и почитували на делото ќе нема ни промоција.-Инспирациата за оваа приказна влече корени од 90-тите години, кога мрачно и грозоморно убиство ги потресе Битолчани. Настанот, кој предизвика бурен интерес и љубопитство во градот, остави траен впечаток и кај мене. Подоцна, како соственик на локал каде што се собираа тинејџери, тоа стана сведок на суровите последици од системските пропусти, особено врз младите, кои лесно завршуваат на темните улици. Овој роман, создаван од 2017 година до денес, е плод на сите тие искуства, со секоа страница внимателно изработена и полна со живот. Во ова уникатно дело раскажувам приказна коа е истовремено интригантна криминалистичка мистерија и мокна социјална анализа. Секој настан, секој лик и секој детал носат нова димензија на мистеријата, додека вистината се открива полека, слој по слој, вели Трајковски.
Траковски успева да го прикаже злосторството како огледало на нашето општество, а секоја страница е повик за размислување за личните и колективните избори кои го обликуваат светот околу нас.
-Единствено што ни останува, мене, тебе, на Томе е дека на еден донкихотовски начин со правилно постапуванье, гласно говорене и посветеност кон она што го знаеме и сакаме, сите ние кои сонуваме за нормална држава, еден ден ќе го заживееме нашиот сон. Ово роман е мојот одглас, мојот повик за промена. Се надевам дека ова литературно дело ќе допре до многу истомисленици и добронамерници кои сакаат да живеат во општество раководено од нормални индивидуи со интегритет. Од срце ти благодарам читателу што ми помогна да ја пренесам мојата порака за Македонија. Твоата поддршка неизмерно ми значи, затоа што токму преку твоето читање и имагинациіа ово филм оживува. Се надевам дека еден ден „Нокта” ке jа сретне големата сцена, ќе блесне на големото платно со истата сила со која сега живее во твоите мисли, вели Игор Траковски – Фоја.На промоцијата на книгата беше прикажано и промотивно видео од Марјан Георгиевски – познат и признат актер и режисер, чија интерпретација носи силни извадоци од книгата.
Сашо Ристевски
Фото: Дамијана Ристевска