Press "Enter" to skip to content

Три златни медали за мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола на меѓународниот хорски натпревар во Бјелина

Оваа година по 24. пат од 9 до12 мај во Бјелина, БиХ, Република Српска, се одржа меѓународниот хорски натпревар каде учество зеде и мешаниот хор при КУД “Стив Наумов“ од Битола.На фестивалот учество зедоа преку 40 хорови од различни стилови и категории.

Во две различни категории, за православна музика, и категоријата на мешани хорови, нашиот хор се натпреваруваше со 10 други и на крајот резултатите беа три златни медаљи.-Освоивме прво место со 98, 57 поени во категоријата за православна музика, каде настапивме во прекрасната црква “Пресвета Богородица“, понесени од прекрасната акустика и љубовта кон акапела пеењето. Исто така прво место со 98 поени имаме во категоријата за мешани хорови, а настапивме во прекрасната сала на “Соколски дом“ простор кој исто така не понесе да на сцената хористите се опуштија и ги раширија своите гласови. И уште една златна медаља која мене ми е најдрага, за најдобра изведба на современо дело, ни рече диригентката, професор по хорско диригирање Лилјана Трајковска Димевски и додаде:

-Со тоа само се потврди мојата желба за промена на репертоарот, дека се движиме кон добар пат кој ќе ни носи успеси и во иднина, 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »