На 12.05.2025 во 13.15 часот во СВР Битола, 48-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот сопруг од Делчево, со кого била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.05.2025 во 19.50 часот во СВР Битола, 42-годишна битолчанка пријавила дека во семејниот дом во Битола била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг на возраст од 47 години од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.05.2025 во 18.55 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода 18 годишник од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Битола, била пронајдена марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана. По документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






