Членови на организацијата “Verbumlandiart Aps“ со седиште во Галатоне, провинција Лече, Италија деновиве престојуваат во Битола и во рамките на посетата, меѓу другите активности ја посетија и Универзитетската библиотејата “Св. Климент Охридски“ во Битола.
Директорката Емилија Стефановска Давкова, која во присуство на вработените официјално им се обрати на италијанските гости, посакувајќи им добредојде и изразувајќи отвореност за нови културни размени и партнерства.
На средбата се потпиша Меморандум за соработка помеѓу НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Здружението на писатели „Вербумландиарт“ од страна на м-р Емилија Стефановска Давкова – директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Реџина Реста – претседател на “Verbumlandiart Aps“.
Во знак на благодарност за гостопримството и поддршката на културата, директорката Стефановска Давкова беше одликувана со почесна диплома од страна на “Verbumlandiart Aps“, признание кое ја потврдува нејзината посветеност во промовирањето на меѓународната соработка.
“Verbumlandiart Aps“ е промовирана и координирана од Реџина Реста – претседател на здружението и позната италијанска поетеса, добитничка на медал на поезијата во Рим, во придружба на Грофицата Мирјана Добрила – писател и преведувач, Гофредо Палмерини – новинар и поранешен претседател на општина Аквила, Марија Пиа Туриело – криминолог, член на Парламентарната комисија за малолетници, Мирела Кристина – адвокат, публицист и сенатор, член на Комисијата за правда и Зорица Митиќ – писател и актерка.

“Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- „Виена во Битола“ по 13-ти пат – Оркестар DIVA го најавува новогодишниот концерт на 23 декември
- Една сцена, безвременски хитови: „Now We Are Free“, „Barcelona“ и „The Ecstasy of Gold“ во Скопје
- Од светските сцени до полноќните приказни на Битола
- Промовирана книгата “Скопскиот атентат“ од д-р Зоран М. Доревски во Битола (фотогалерија)









