ЈКП “Водовод“ Битола ги известува граѓаните дека во текот на утрешниот ден 15.05.2025 (четврток), поради дефект на водоводната мрежа (челична цевка Ф – 400), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. “Кире Костадиновски“, Горно Оризари, Крклино, Кукуречани, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево и Далбеговци.
Прекинот ќе трае од 9:00 часот до завршување со активностите околу санацијата на дефектот.






