Со многу емоции и спомени, синоќа кафулето “Портал“ во Битола одбележа јубилеј – 15 успешни години постоење. На јубилејот присуствуваа голем број гости: роднини, пријатели, деловни партнери и соработници. Најголем дел од нив се редовни посетители на кафе бар „Портал“, кои доаѓаат уште од првите денови.
Кулминацијата на вечерта… моментот кога музиката се засили, а емоциите го достигнаа својот врв. Сите вработени од „Портал 1“ и „Портал 2“, заедно со Шамбата, се искачија зад шанкот – местото од каде со години се создава атмосферата – и запеаја и заиграа како едно.
Тоа не беше само момент на забава, туку вистинска слика за тоа што значи „Портал“ – заедништво, енергија и љубов кон тоа што го работат. Насмевките, прегратките и гласното пеење ја исполнија просторијата, а гостите со воодушевување ги следеа, аплаудираа и се приклучија во славењето.
Во тие неколку минути, сè што се градело 15 години се почувствува во еден здив – како едно големо семејство, обединето околу истата приказна. Токму така, со песна и искрена радост, „Портал“ уште еднаш покажа зошто е повеќе од кафуле – зошто е чувство што се живее.
Сопственикот Сашо Шамба, видно возбуден и среќен, кусо се обрати: „Би сакал вечерва другите да зборуваат за Портал… јас само би кажал како започнавме.“
-Точно пред 15 години се отвори, од тогаш до денес, ова не е само место за кафе – туку место каде се расте, се дружи и се создаваат приказни. Јас едноставно се пронајдов во оваа работа која отсекогаш ме исполнувала, а ме исполнува и денес. Сигурен сум дека кога нешто го правиш со љубов – успехот доаѓа сам. Со текот на годините, искуството ме научи како да пристапам и да напредуваме, и се трудиме секогаш да понудиме нешто повеќе.
Јубилејот се прославивме онака како што тие знаат најдобро, со работа која се на работа и со забава и дружење, заедно се луѓето што се заедно од првиот ден, вработени, но и многу гости кои со текот на времето станаа едно семејство.
Еден од вработените, кој за себе вели дека не е почетокот, но се чуствува како од секогаш да е тука, е Драган Атлагиќ, ков ни рече:
-Да се работи во Портал значи традиција… Некои почнуваат уште во тинејџерските години, а денес таа традиција продолжува понатаму. Јас работам во „Портал“ веќе 4 години и за мене тоа значи гордост, почит, традиција и љубов. Кога се споменува името на Сашо Шамба, тоа значи чест и голем човек. Му посакувам да ја продолжи традицијата на ова место кое во градот има посебно значење – место на средби, емоции и спомени.
Низ фотографирањето некој со насмевка прокоментира: да бидеме барем на “сликата“ какви што бевме пред 15 години – помлади! И можеби времето си го направило своето, но едно остана исто – енергијата. Синоќа сите повторно се потсетија во оние безгрижни денови, кога излегувавме со истото друштво и создававме спомени кои и денес ги раскажуваме, се сложија сите.
И по 15 години, „Портал“ останува многу повеќе од обично кафуле – место каде времето минува, но вредностите остануваат исти. Јубилеите се бројат во години, но вистинската вредност се мери во луѓето, спомените и моментите што остануваат зад нас.
Драган Велјанов е другар со сопственикот, и секако дел од овие 15 години од “Портал, кој со посебна емоција сподели:
-Слободно можам да кажам дека „Портал“ е култно место во градот. Точно пред 15 години се отвори ова кафуле, а јас сум тука од самиот почеток – исто како и голем дел од вработените и гостите кои и денес се дел од оваа приказна. Го познавам Шамбата уште од првите денови и искрено, уште тогаш знаев дека ќе успее. Позитивната енергија што ја носи, ентузијазмот и љубовта кон работата беа нешто што не може да остане незабележано. Горд сум што Битола има вакво место. Тука, преку едно обично кафе и муабет, се сретнале многу луѓе, се запознале, се родиле пријателства, па дури и бизнис приказни. Тоа не е мала работа. Ретко каде – или можеби никаде на друго место во градот – ја има оваа опуштена атмосфера. Дури и да излезеш сам, секогаш ќе најдеш некого. Чувството е како да си дома, со своето кафе и со луѓе кои ти се блиски. Затоа и сите ние го доживуваме „Портал“ како вистинско култно место во Битола.“
-“Портал“ успеа токму во тоа – да ги спои генерациите, да создаде пријателства и да стане дел од секојдневието на градот. Со истата енергија, љубов и посветеност, оваа приказна продолжува понатаму… со нови генерации, нови спомени и уште многу поводи за славење. Затоа што „Портал“ не е само место – „Портал“ е чувство, потврдија гостите.
На забавата присутни беа и гостите од Пловдив кои ќе играат на фудбалскиот турнир за ветерани, по повод 10 години ФК “Конзули“, Иван Соколов од Пловдив, со искрени емоции и насмевки ја сподели својата радост што се дел од оваа посебна вечер:
-Навистина ни е голема чест и задоволство што сме поканети да присуствуваме на овој значаен јубилеј на кафе бар „Портал“. Доаѓаме дури од Пловдив, Бугарија, но за ваква прилика патот не е пречка – напротив, задоволство е да се биде дел од едно вакво семејство и атмосфера што ретко се доживува. Од срце му посакуваме на “Портал“ уште многу години успешна работа, уште многу јубилеи, исполнети со радост, пријателства и убави моменти.
–Нашето доаѓање, сепак, има и уште една убава причина – утрешниот пријателски турнир помеѓу нашата екипа и екипата на ФК „Конзули“ од Битола. Ова не е само спортски настан, туку продолжение на едно искрено пријателство кое веруваме дека ќе трае и ќе се продлабочува во годините што доаѓаат. И на крај, би сакале да му посакаме на Сашо Шамба да биде жив и здрав, и да продолжи со истата страст, љубов и енергија да ги обединува луѓето околу себе – затоа што токму таквите луѓе создаваат места како „Портал“, кои оставаат трага и значење.
Забавата траеше до доцна во ноќта, а за одличната атмосфера се погрижија оние кои со години ги забавуваат гостите – група “Деспина“.
Жанета Ристевска
Фото: Сашо Ристевски






