Денес, среда, 14 мај, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 20 степени.
Утре, четврток, 15 мај, во Битола времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 20 степени.