На 14.05.2025 во 21.50 часот во угостителски објект на ул. „Рузвелтова” во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода две лица од Битола на возраст од 48 и 51 години, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со оштетување на инвентарот во објектот и физички ги нападнале две лица на возраст од 34 и 35 години, двајцата од Битола, вработени како обезбедување во објектот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.05.2025 во СВР Битола било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Смилевски Конгрес” во Битола, две лица на возраст од 31 и 35 години двајцата од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветен поднесок.
На 14.05.2025 во 09.10 часот во СВР Битола, В.Х.(52) од село Долно Оризари, битолско, пријавил дека на 13.05.2025 околу 19.00 часот во близина на Стрежевско езеро“ во Битола пронашол експлозивна направа. Извршен бил увид на местото, а пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал направата и констатирал дека се работи за неексплодирана рачна бомба од француско производство од Првата светска војна.






